Економија
ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО ЦАРИНИ ОД 250 ОТСТО ЗА УВОЗОТ НА ПРОИЗВОДИ ОД ДРВО ОД КАНАДА?
09.03.2025
Само еден ден по продолжувањето на воведувањето царини од 25 отсто за сите канадски производи за еден месец, американскиот претседател Доналд Трамп повторно и се закани на Канада со царини за дрвената граѓа и млечни производи.
- Канада со години не краде на граѓа и млечни производи, рече Трамп, потсетувајќи дека Канада има царина од 250 отсто за американските млечни производи и најави дека одговорот на САД ќе биде реципрочен.
Најави и дека утре или задутре ќе воведе царини од 250 проценти на горенаведената стока.
- Ќе наплатиме иста сума. Не е фер. Никогаш не било фер и лошо се однесувале со нашите земјоделци, додава тој.
Канадската министерка за трговија Мери Нг ги негираше наводите на Трамп, велејќи дека не е точно дека Канада краде од САД. Таа оцени дека американските реципрочни царини би биле целосно неоправдани, пишува Си-Ен-Ен.
фото freepic