Економија
И КИНА И КАНАДА ВЛЕГУВААТ ВО ТРГОВСКА ВОЈНА
09.03.2025
Кина соопшти дека ќе воведе царини за канадските земјоделски и прехранбени производи како одмазда за давачките на Отава за кинеските електрични возила. Кинеското Министерство за трговија објави дека ќе воведе царини од 100 отсто за увоз на канадско масло од маслодајна репка и грашок и 25 отсто царини за увоз на свинско месо и некои морски плодови.
Пекинг одговара на царините од 100 проценти за електричните возила и 25 проценти за челикот и алуминиумот што Отава ги објави во август, следејќи го примерот на САД.
Кина е важен пазар за канадската маслодајна репка. Таа е вториот најголем трговски партнер на Канада. Канадскиот премиер Џастин Трудо ја обвини Кина дека „не игра според истите правила“ кога најави царини за кинеските електрични возила и метали во август. Производството на автомобили е еден од најважните производствени сектори во Канада, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic