Економија
Трамп не исклучува можност за рецесија во САД
10.03.2025
Американскиот претседател Доналд Трамп не ја отфрли можноста американската економија да влезе во рецесија оваа година и да се зголеми инфлацијата бидејќи неговата трговска тарифна политика предизвикува несигурност и турбуленции на пазарот.
Тој во интервју за Фокс њуз предвиде дека за постигнување на неговите економски цели ќе биде потребно време и преоден период додека не се постигнат резултати.
- Постои преоден период бидејќи тоа што го правиме е многу големо. Го враќаме богатството во Америка, а тоа е голема работа. Потребно е малку време, но мислам дека ќе биде одлично за нас, рече Трамп.
На прашањето дали верува дека царините што ги наметна на стоки увезени во САД ќе ја поттикнат инфлацијата, Трамп рече дека тоа е можно.
Минатата недела од Федералните резерви на Атланта сугерираа дека американската економија е на пат да се намали во првиот квартал, поттикнувајќи ги стравувањата дека најголемата светска економија може да влезе во рецесија доколку продожат слабите показатели во првите месеци од годината, пренесува „Еуроњуз“.
Извор МИА
фото freepic