Економија

Благ раст на БДП и вработеноста во еврозоната и ЕУ

Во четвртиот квартал од 2024 година, БДП во еврозоната  порасна за 0,2 отсто и за 0,4 отсто во Европската Унија (ЕУ) во однос на претходниот квартал, објави Евростат. Во третиот квартал од 2024 година, БДП порасна за 0,4 отсто во двете зони.

Во целата 2024 година, БДП се зголеми за 0,9 отсто во еврозоната и за еден отсто во ЕУ, по зголемувањето од 0,4 отсто во двете зони во однос на 2023 година.

Највисок раст на БДП во однос на претходниот квартал забележа Ирска (3,6 отсто), потоа Данска (1,6 отсто) и Португалија (1,5 отсто).

Најголем пад е забележан во Малта (-0,7 отсто), Австрија (-0,4 отсто), Германија и Финска (и двете со -0,2 отсто), пренесува „Данас“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО