Вредноста на германскиот извоз во јануари се намали за 2,5 отсто месечно на 129,2 милијарди евра, според прелиминарните податоци, објави денеска германската Федерална статистичка служба (Дестатис).
Вредноста на германскиот увоз се зголеми за 1,2 отсто месечно на 113,1 милијарди евра, па така трговскиот суфицит за јануари изнесува 16 милијарди евра.
Германскиот извоз во земјите од Европската Унија е намален за 4,2 отсто на месечно ниво, особено во земјите од еврозоната, за пет отсто.
Дополнително, извозот во земјите надвор од Европската унија е намален за 0,4 отсто на месечно ниво, бидејќи извозот во САД е намален за 4,2 отсто, како и извозот во Кина за 0,9 отсто.
Извозот во Велика Британија е зголемен за 1,7 отсто, а во Русија за 7,2 отсто.
Ако се погледне статистиката на годишно ниво, може да се заклучи дека германскиот извоз е намален за 0,1 отсто во однос на јануари 2024 година, додека увозот е зголемен за 8,7 отсто, пренесува Бизнис.ба.
фото freepic