Економија

Тарифите да останат додека Американците не покажат почит, изјави канадскиот премиер Карни

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека нема да ги укине одмаздничките царини за американските производи додека Вашингтон не го стори истото, пишува Гардијан.

Поранешниот банкар Карни, кој победи во трката за лидерство на федералната Либерална партија во неделата, во кратка објава на социјалните мрежи, напиша дека „последните царини на претседателот Трамп се напад врз канадските работници, семејства и бизниси“.

- Мојата влада ќе се погрижи нашиот одговор да има максимално влијание во Соединетите Држави и минимално влијание во Канада, поддржувајќи ги погодените работници. Мојата влада ќе ги задржи нашите царини додека Американците не покажат почит кон нас и не дадат веродостојни, сигурни ветувања за слободна и фер трговија, изјавил Карни.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди зголемување на царините за канадскиот челик и алуминиум и се закани дека ќе воведе дополнителни давачки откако Онтарио вчера воведе данок од 25 отсто на извозот на електрична енергија во три американски држави.

Трамп рече дека „трајно ќе ја затвори автомобилската индустрија во Канада“ доколку земјата не ги укине неодредените царини што ги наметна за американските стоки, пренесува Н1.


Фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО