Економија

Трамп за утре најави „дуплирање“ на царините за канадскиот челик и алуминиум

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ги удвои царинските тарифи за челик и алуминиум од Канада од 25 на 50 отсто, со што ескалира трговската војна со северниот сосед.

Трамп рече дека зголемувањето, кое треба да стапи на сила во среда, е одговор на зголемувањата на цените наметнати од провинциската влада на Онтарио на електричната енергија што се испорачува во САД. Американската берза остро падна по оваа објава, пренесува Бета.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, денеска изјави дека привремено ја суспендира планираната тарифа од 25 отсто за електричната енергија што се извезува во Соединетите држави, откако американскиот министер за трговија Хауард Лутник се согласи на обновување на трговските разговори, пренесоа медиумите во светот.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО