Економија

АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ ЈА ТУРКААТ ГЕРМАНИЈА ВО РЕЦЕСИЈА?

Американските царини би можеле да ја турнат најголемата европска економија во рецесија, предупредува Јоаким Нагел, претседателот на германската централна банка.

Тој го изјави ова додека владата во Берлин размислува за потенцијална ревизија на својата фискална политика во оваа прилика, објави CNBC.

- Можеме да очекуваме рецесија оваа година, ако тарифите навистина се променат, рече Нагел, кој ја предводи Бундесбанката и е член на Управниот совет на Европската централна банка.

Според него, новите царини би можеле да ги влошат постојните симптоми на „стагнација на германската економија, која е оптоварена од пандемијата и енергетската криза предизвикана од западните санкции кон Русија поради тригодишната војна во Украина“.

Европската Унија во средата возврати на тарифите на Трамп од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум (кои стапија на сила истиот ден), со серија контратарифи кои треба да достигнат 26 милијарди евра вредни американски стоки на почетокот на април, пренесува Блиц. 


 фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО