Економија
Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел
14.03.2025
Со пуштањето во употреба на големиот тунел Муриз, попладнево, што е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), од Дебар до Тирана веќе се пристигнува за еден час.
Во присуствуваа жители од поширокиот регион, со зурли, тапани, оро, беше пречек премиерот Еди Рама, заедно со вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, како и други министри.
- Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, додека јас сум премиер. Овој пат е финансиран со албански средства. На сите патишта може да се наплатува патарина, но не и Патот на Арбр, рече претходно Рама.
Тунелот од денес е пристапен за сите видови возила, а работите продолжуваат на помошниот тунел, кој е за итни случаи. Почна да се отвора во мај 2019 година, но работите одеа многу побавно од предвиденото, поради тешката геологија и лизгањето на земјиштето. Тој е со должина од 3,78 километри.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, севкупно, има 7 тунели, со вкупна должина од 8,5 километри, како и 4 моста, едниот од нив, со 158 метри е највисок на Балканот.
- Со должина од околу 74 километри „Патот на Арбр“ станува важен коридор за поврзување Исток-Запад. Не само што ќе ги доближи граѓаните на Тирана и на цела Албанија со Дебар и Северна Македонија, туку ќе биде и артерија на економскиот развој и туризмот. Исто така, оваа патна оска ќе биде најкратката рута што ќе ја поврзува Тирана со Пешкопеја, како и со Северна Македонија, Дебар, Тетово и Скопје, така што ќе биде меѓународен пат за поврзување, изјави претходно Балуку.
Извор/фото МИА