Економија
НЕМА ГАРАНЦИИ ДЕКА САД ЌЕ ЈА ИЗБЕГНЕ РЕЦЕСИЈАТА, изјави Американскиот министер за финансии Скот Бесент
17.03.2025
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека „нема гаранции дека нема да дојде до рецесија во САД, но може да дојде до стабилизација на американската економија“.
Во интервјуто за НБЦ Бесент изјави дека американската берза минатата недела беше затворена со значителен пад на вредноста на акциите поради големата незвесност предизвикана со честите промени на политиката на претседателот на САД Доналд Трамп и заканите со царините кон најголемите трговски партнери.
Бесент дополни дека Трамп спроведува силна и долгорочна политика која би требало да ја ослободи земјата од големите државни расходи, пренесува Политика.
фото freepic