Годишната стапка на инфлација во Бугарија се зголеми на четири отсто во февруари од 3,7 отсто во јануари и сега е највисока во последните 14 месеци, објави бугарскиот национален институт за статистика (НСИ).
Цените на храната и безалкохолните пијалоци скокнаа од 4,4 отсто во јануари на 4,6 отсто на годишно ниво, како и цените на станбените и комуналните услуги, од 5,1 отсто на 5,6 отсто, пренесе агенцијата Мина.
Цените во здравството го забрзале растот од 2,5 на 2,7 отсто, а во рекреацијата и културата од 5,3 на 6,1 отсто.
На месечна основа, цените во Бугарија пораснаа за 0,6 отсто, со побавно темпо од јануарските два отсто.
Холандската банкарска групација ИНГ смета дека инфлацијата во Бугарија годинава ќе достигне 4,6 отсто, делумно поради либерализацијата на пазарот на електрична енергија.
фото freepic