Економија

ТРГОВСКАТА ВОЈНА НОСИ ИНФЛАЦИЈА И РЕЦЕСИЈА ЗА ЕВРОПА, ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ЛАГАРД

Трговската војна може да ја зголеми инфлацијата во еврозоната за 0,5 процентни поени  и го загрoзува економскиот раст, предупредува Кристин Лагард, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ).

Неизвесноста во трговијата претставува сериозна закана за економскиот раст и инфлацијата во еврозоната, изјавила таа пред Европскиот парламет. Посебно ги истакнала променливите американски трговски политики  кои можат да го нарушат економското заздравување и да предизвикаат раст на цените.

- Трговската тензија и штети на глобалниот раст и благосостојбата. Одмазничките царини ќе го нарушат синџирот за снабдување  и ќе ги зголемат трошоците за европските компании и потрошувачи, рече Лагард.

Анализата на ЕЦБ покажува дека царините од 25 отсто за европските производи ќе го намали растот на БДП во еврозоната за околу 0,3  процентни поени во првата година. Доколку ЕУ возврати со сопствени тарифи овој пад може да достигне 0,5 процентни поени, пренесува Телеграф.


Фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО