Економија
ИНДИЈА СТАНУВА ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ
25.03.2025
Индија е земја со највисок економски раст од сите големи економии во светот. Растот на индиската економија е 8,4 отсто, што е значително повисоко од петте отсто што Кина ги бележи во последните неколку години.
Во следните пет години, Индија ќе стане трета по големина економија во светот, по Кина и САД. Ако продолжи со ова темпо, за нешто повеќе од три децении ќе се искачи на второто место, пред САД.
Во изминатата година, Индија ja постигна целта само еден процент од нејзиното население сега живее под прагот на сиромаштија од 2,15 долари на ден, пренесува Политика.
фото freepic