Економија

КОИ ЗЕМЈИ ВО ЕУ ГО ЗГОЛЕМИЈА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД ВО 2024 ГОДИНА?

Mинатата година во Хрватска БДП по глава на жител, изразен во паритетот на куповната моќ, изнесуваше 77 отсто од просекот на Европската Унија, а претходната година беше на ниво од 76 отсто, според првата проценка на Евростат. 

Хрватска сега го дели 23. место со Унгарија, која стагнира во однос на годината претходно. Четири земји се уште имаат помал БДП: Словачка, Летонија, Грција и Бугарија, која е на дното на листата со 66 отсто од европскиот просек. 

Десет земји се над просекот, а најголемо отстапување традиционално бележи Луксембург, меѓу другото, поради големиот број странски државјани кои се вработени во таа земја и придонесуваат за БДП, а не се нејзини жители. Но, во последните четири години разликата е намалена од 160 на 141 процент. Следува Ирска, чија економија се карактеризира со присуство на голем број мултинационални компании, но и бележи намалување од 2021 година, од 126 на 111 отсто од просекот на ЕУ. Очекувано, и Германија забележа негативен тренд во овој период, при што БДП по глава на жител падна од 20 на 15 отсто над просекот, слично како Австрија (од 21 на 15 отсто) и во некои балтички земји.

Освен Хрватска, чиј БДП по глава на жител во тој период се зголеми за седум процентни поени, од 70 на 77 отсто, значително зголемување на животниот стандард забележаа уште неколку земји: Шпанија од 85 на 92 отсто од просекот, Португалија од 74 на 82 отсто и Романија од 72 на 79 отсто. Стагнација доживуваат повеќето земји во Централна и Источна Европа, Унгарија, Словачка, но и Полска, каде што ланскиот БДП по глава на жител изнесуваше 79 отсто од европскиот просек, исто како и во 2021 година, објави Сеебиз.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО