Економија
ШВЕДСКАТА ВЛАДА ПОМАГА ВО ИЗГРАДБА НА 4 НОВИ НУКЛЕАРНИ ЦЕНТРАЛИ
29.03.2025
Шведската влада предложи воведување државни заеми и гаранции за цената на енергијата за да им се помогне на компаниите да ја финансираат изградбата на четири нови нуклеарни централи како дел од стратегијата за зголемување на производството на електрична енергија и намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
На Шведска и требаат 10 нови големи нуклеарни реактори до 2045 година, бидејќи индустријата и транспортот ја намалуваат нивната употреба на фосилни горива, додека побарувачката за електрична енергија се зголемува од 135 терават часови (TWh) во 2023 година на околу 300 TWh, објави Ројтерс.
Интересот на приватниот сектор за изградба на нуклеарни централи е намален поради стравувањата за профитабилноста, шведската десничарска влада се согласи да помогне во финансирањето на трошоците за изградба, кои се проценуваат на десетици милијарди долари.
Владата има за цел да ги привлече потребните инвестиции нудејќи државни заеми, како и механизми за гарантирање на цената на електричната енергија, но властите одбија да дадат прецизни проценки на трошоците.
Министерот за финансиски пазари Никлас Викман изјави дека ова е балансирана и одговорна поддршка за изградба на нови нуклеарни реактори.
- Веруваме дека на овој начин ќе добиеме одобрение од Европската комисија, додаде тој.
На земјите на ЕУ им треба одобрение од Комисијата за користење на субвенции за финансирање на нуклеарните централи, пренесува Б92.
фото freepic