Економија

„КИНА ЌЕ СЕ БОРИ ДО КРАЈ“ ВО ЦАРИНСКАТА ВОЈНА СО САД

Кина решително ќе преземе контрамерки за да ги заштити своите права и интереси доколку САД ги засилат царинските мерки, соопштиja денеска од кинеското Министерство за трговија.

Министерството соопшти дека контрамерките усвоени од Кина се целосно легитимни акции насочени кон заштита на нејзиниот суверенитет, безбедност и развојни интереси, како и одржување на нормален меѓународен трговски поредок.

Заканата од САД за ескалација на царините против Кина ги зголемува нејзините грешки и дополнително ја разоткрива нејзината уценувачка природа, која Кина никогаш нема да ја прифати, рече портпаролот.

„Кина ќе се бори до крај доколку американската страна е подготвена да продолжи по погрешниот пат“, нагласија од  кинеското министерство.

Американскиот претседател Доналд Трамп Трамп вчера се закани дека ќе ги зголеми царините за увозот од Кина за дополнителни 50%, односно за повеќе од 100%, како одговор на најавените кинески реципрочни царини од 34%.

Трамп во прв момент најави царини за Кина од 34%, кои со претходно воведените 20% се зголемија на вкупни 54%.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО