Економија

ТРАМП СЕ ОТКАЖА ОД ЦАРИНИТЕ ЗА УВОЗ НА ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ И КОМПЈУТЕРИ

Паметните телефони, компјутерите, мониторите и разните електронски делови се ослободени од најновите царински мерки воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, според известувањето издадено од Царинската и гранична заштита на САД.

Мерката доаѓа откако администрацијата на Трамп воведе царини од минимум 145 проценти за кинеските стоки, што предизвика силни реакции во глобалната трговија, особено во технолошкиот сектор.

Без овој исклучок, царините ќе ги погодеа силно технолошките гиганти како „Епл“, кој произведува „ајфони“ и други апарати во Кина. Критичарите предупредија дека таквата политика би можела да предизвика зголемување на цените на овие апарати, нарушување на синџирот на снабдување и дополнително затегнување на трговските односи со Пекинг, објави Индекс.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО