Економија

КОЛКУ РАБОТНИЦИ, ТОЛКУ ПЕНЗИОНЕРИ ВО БиХ

Бројот на пензионери во Босна и Херцеговина е речиси изедначен со бројот на работници.

Секоја година, на владите на двата ентитета на Босна и Херцеговина им недостасуваат повеќе од 400 милиони марки за исплата на пензии. Проценките се дека во 2032 година, владите на ентитетите ќе треба да издвојуваат 1,6 милијарди КМ (околу 800 милиони евра) за покривање на пензиите.

Моментално, во Босна и Херцеговина има 1,2 работници по пензионер, додека просекот во Европската Унија е 1:1,8.

Според експертите, ваквата состојба е неодржлива. Една од споменатите мерки е зголемување на старосната граница од 65 на 67 години, без оглед на годините на стаж, пренесува Радио Сараево.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО