Економија
НЕ СЕ ОСТВАРУВААТ ПРЕСМЕТКИТЕ НА ТРАМП ЗА СОБРАНИТЕ ЦАРИНИ!
18.04.2025
Соединетите Американски Држави наплатиле 21 милијарда долари од царини наметнати од претседателот Доналд Трамп од неговата инаугурација на 20 јануари, објавија од Царинската и гранична заштита на САД (CBP), објави CNBC.
Американскиот претседател тврди дека со воведување на неговите тарифи се генерираат две милијарди долари дневно за САД, но податоците за собраните царини се поинакви.
Според ЦБП, само од 5 април, САД собираат 500 милиони долари дневно од реципрочни давачки.
На почетокот на месецот, Трамп објави реципрочни царини за увоз од речиси целиот свет. Подоцна ги ограничи на десет проценти во текот на 90 дена, освен за Кина, за која се во сила дополнителни царини од 145 проценти, пренесува Сеебиз.
фото freepic