Економија

НАД ПОЛОВИНА ОД АМЕРИКАНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕМА ДА ПАТУВААТ ОВА ЛЕТО!

Помалку од половина од возрасните жители на САД (46 проценти) планираат да патуваат ова лето. Во најновите анкети 38  отсто од луѓето одговориле дека ќе патуваат во САД и 15 проценти кои планираат да патуваат во странство. Некои одговориле дека ќе патуваат во земјата и во странство.

Речиси една четвртина од возрасните во САД (24 отсто) не планираат никаков одмор ова лето. Околу 23 отсто од американските граѓани  сè уште не се сигурни во врска со своите планови за летен одмор, а десет проценти планираат да останат дома. Меѓу оние кои не патуваат, мнозинството (65отсто) велат дека причината е тоа што не можат да си го дозволат летниот одмор.

Мнозинството од оние кои моментално не можат да си дозволат да патуваат велат дека секојдневниот живот е премногу скап (68 отсто) и дека патувањето е премногу скапо за нив (64 отсто). Помалку од половина граѓани одговориле дека се фокусирани на други финансиски приоритети (45 отсто), додека  29 отсто изјавиле  дека имаат премногу долгови.

Меѓу оние кои планираат да патуваат ова лето, 29 отсто велат дека ќе се задолжат, пренесува Бизнис.рс.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО