Економија
Американскиот Сенат одби да ги поништи царините на Трамп
01.05.2025г
Рамномерно поделениот американски Сенат вчера го отфрли најновиот обид да се укинат серијата царини на претседателот Доналд Трамп, и тоа само неколку часа откако федералната влада објави дека економијата се намалила за прв пат по последните три години поради хаосот со нововодениот царински режим.
Мерката не успеа откако сенаторите гласаа 49-49, при што тројца републиканци го напуштија таборот на Трамп и гласаа за неа.