Економија

ЕУ ПЛАНИРА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЦАРИНИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ ОД САД

Европската Унија  планира да воведе царини за увоз на стоките од Соединетите Американски Држави во вредност од 100 милијарди евра доколку преговорите меѓу Вашингтон и Брисел не успеат во врска со евентуалното намалување на најавените американски царини за членовите на Унијата, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Извори велат дека листата со предложени нови европски тарифи против САД ќе им биде дистрибуирана на земјите-членки утре, а консултациите ќе траат еден месец пред да се финализира листата.

Европската комисија (ЕК) ќе го сподели тој документ со САД оваа недела за да се обиде да започне преговори за намалување на американските царини со ЕУ.

Во преговорите меѓу ЕУ и САД, кои започнаа минатиот месец, постигнат е мал напредок и се очекува дека поголемиот дел од американските царини ќе останат на сила. ЕУ веќе воведе царини за американски стоки во вредност од 21 милијарда евра како одговор на царините од 25 проценти на американскиот претседател Доналд Трамп за извоз на челик и алуминиум.

ЕУ претходно се согласи да го одложи спроведувањето на тие мерки за 90 дена откако САД ја намалија таканаречената реципрочна стапка за поголемиот дел од извозот на ЕУ од 20 проценти на 10 проценти, додека траат преговорите.

САД воведе царина од 25 проценти на увозот на автомобили од ЕУ, како и на некои автоделови, пренесува Блиц.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО