Економија
ВО ПОЛСКА СЕ ГРАДИ НАЈСКАПИОТ ИНФРАСТРУКТУРЕН ЕВРОПСКИ СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР
07.05.2025
Изградбата на Централнoто комуникациско пристаништа (CPK) во Полска, во вредност од 34 милијарди долари, треба да стане главен европски транспортен центар - воздушен, железнички и патен и најголемата инфраструктурна инвестиција во земјата. Околу 40 километри западно од Варшава, во досега претежно рурална област, се гради огромен сообраќаен центар
До средината на следната деценија, Европа би можела да добие еден од најмодерните и најамбициозните сообраќајни јазли во светот.
Проектот опфаќа површина од повеќе од 2.600 хектари што го прави најголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјата, со капацитет за повеќе од 40 милиони патници годишно во првата фаза и со можност за проширување до дури 100 милиони.
Главниот аеродром во Полска, Шопен Варшава, веќе работи на границата на својот капацитет. Во текот на 2023 година, прими рекордни 21 милион патници, и иако е планирано да се прошири капацитетот на 30 милиони до 2029 година, постојат значителни ограничувања.
CPK ќе се гради на таканаречената гринфилд локација, каде што 90 проценти од куќите веќе се купени преку програмата за доброволно стекнување. Во овој инфраструктурен центар ќе поминува Y-линијата, систем на брзи возови што ќе ги поврзува клучните полски градови: Варшава, Лоѓ, Вроцлав и Познањ, но исто така ќе продолжи кон Чешка и балтичките земји преку железничкиот коридор „Рејл Балтика“. Целта е да се овозможи патување низ Полска за 100 минути.
Y-линијата е веќе во изградба и го вклучува најдолгиот железнички тунел во земјата (4,6 км), ископан под градот Лоѓ. Брзите возови ќе сообраќаат со брзина од 320 км/ч, а почетната точка ќе биде новиот аеродром. На овој начин, не само областите во Полска ќе бидат подобро поврзани, туку и Западна и Источна Европа, пренесува Б92.