Економија
Јапонскиот премиер Ишиба го повтори повикот за укинување на сите царини со САД
11.05.2025
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска повтори дека ќе се стреми за укинување на сите царини во трговските преговори со Соединетите Американски Држави.
Во разговор за телевизијата Фуџи, Ишиба рече дека разговорите со САД „постепено се усогласуваат“ и дека односот на Токио со американскиот претседател Доналд Трамп е „изненадувачки добар“.
Тој рече дека договорот на Вашингтон со Лондон, објавен во четврток, со кој се намалуваат царинските давачки за извоз на британски автомобили, а се задржува основната царинска давачка од десет проценти, претставува „еден модел“ за трговски договори, но дека треба да се стремат кон „царини од нула отсто“.
Извор/фото МИА