Економија
ГЕРМАНИЈА ГОДИНАВА ОСТАНУВА ВО РЕЦЕСИЈА
13.05.2025
Германската економија ќе падне за 0,2 отсто оваа година, со што земјата ќе остане во рецесија, според новите прогнози на Германскиот економски институт (IW).
Германија е силно погодена од трговскиот конфликт предизвикан од царините на американската влада, објасни IW. Глобалната неизвесност ги обесхрабрува бизнисите да инвестираат и тоа придонесува за падот, а со тоа и големите купувања како што се нови машини и возила.
Високите оперативни трошоци во Германија дополнително ја комплицираат ситуацијата.
Германија, со бруто-домашен производ (БДП) кој се намали за 0,2 отсто во 2024 година, ќе остане во рецесија.
Најголемиот ризик за глобалната економија оваа година, според IW, е трговската политика на САД. Без царинските политики на САД, глобалното економско производство во 2025 година би можело да биде повисоко за 0,8 отсто, соопшти германскиот институт.
Високите цени на енергијата, зголемувањето на платите и сѐ поголемата регулатива вршат дополнителен притисок врз бизнисите на германските компании, пренесува Индекс.
фото freepic