Економија
„СРБИЈА - ЕКОНОМСКА СИЛА НА БАЛКАНОТ“
16.05.2025
Србија е економска сила на Балканот и една од најбрзо растечките економии во Европа, која им нуди на инвеститорите конкурентни деловни трошоци, квалификувана работна сила и широк спектар на стимулации, пишува УСА Тудеј во денешното издание за Србија, во статија насловена како „Србија - економска сила на Балканот“.
Како што е наведено, Србија сега е препознаена како најдинамична економија на Западен Балкан, со прогноза за раст на БДП од 4,5 проценти во 2025 година и рекордни странски инвестиции, што ја позиционира како двигател на регионалниот развој и привлечна дестинација за глобалниот капитал.
Од 2012 година БДП на Србија се зголемил за трипати и сега изнесува 93 милијарди долари, стапката на невработеност се намали од 26 проценти на 8,1 процент, додека девизните резерви достигнале рекордни 33 милијарди долари.
Во исто време, јавниот долг на Србија сочинува 44 проценти од БДП, што е далеку под просекот во Еврозоната од 89 проценти.
Во текот на 2024 година, во Србија влегоа 5,9 милијарди долари директни странски инвестиции, што е за 14 проценти повеќе отколку во 2023 година и претставува најголем износ во историјата на регионот.
Србија постојано привлекува повеќе од 60 проценти од сите странски директни инвестиции во Западен Балкан, пренесува Еуроњуз.
фото freepic