Економија

ГРЕНЛАНД ДОЗВОЛИ ОТВОРАЊЕ НА РУДНИК НА ДАНСКО-ФРАНЦУСКА КОМПАНИЈА

Гренланд издаде 30-годишна лиценца за рударство на данско-француска рударска група, која ќе екстрахира анортозит од земјата што може да понуди зелена алтернатива на производството на алуминиум.

Анортозитот, бела карпа составена главно од алуминиум, микросилика и калциум, е сличен на материјалот донесен од Месечината преку мисиите Аполо.

- Се надевам дека рудникот ќе биде оперативен за пет години, изјави за Ројтерс министерката за минерални ресурси на Гренланд, Наја Натаниелсен.

Приватни американски бизнис делегации го посетуваат островот од почетокот на годината, но формалниот дијалог со новата американска администрација сè уште не е започнат, рече таа, додавајќи дека дијалогот со европските партнери напредува.

- Нема сомнение дека дијалогот и со ЕУ и со Данска се одвива непречено. Ова не е само резултат на вревата  што ја прави американската администрација, туку и резултат на неколкугодишната интензивирана соработка, рече Натаниелсен.

Рударскиот сектор на Гренланд  се развива бавно, поради ограничениот интерес на инвеститорите, бирократските предизвици и еколошките проблеми, во моментов работат само два мали рудника, пренесува Б92.


фото freepic  

 

ПРЕПОРАЧАНО