Економија
Од 1 октомври вонредно зголемување на минималецот во Србија
02.06.2025
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали најави вонредно зголемување на минималната плата од 1 октомври оваа година.
- Мислам дека тоа е најдобрата и најголемата вест. Ќе има вонредно зголемување на минималната плата од 1 октомври оваа година, а дополнително зголемување на 1 јануари следната година. Од 1 јануари ја зголемуваме минималната плата на 550 евра, изјави Мали за ТВ Прва.
Тој додаде дека оваа година минималната плата е зголемена за 13,7 проценти.
- За првпат го достигнавме тоа ниво од 457 евра. Во договор со синдикатите и работодавачите, за првпат постигнавме консензус за изедначување на минималната плата со минималната потрошувачка кошничка, што беше барање на синдикатот, и во тоа успеавме во јануари оваа година, рече Мали.
фото freepic