Економија

Западните производителите на автомобили сериозно заостануваат зад конкуренцијата од Азија

Големите западни производители на автомобили, вклучувајќи ги и германските,  сериозно заостануваат зад азиската конкуренција, а на долг рок може да бидат принудени да затворат некои од своите капацитети, покажало истражувањето на консултантската компанија EY.

- Производителите на автомобили западнаа во криза која треба да се продлабочи оваа година и може да го доведе во прашање целиот бизнис модел на одредени компании. Конкуренцијата во индустријата е брутална во моментов, изјави Константин Гал, автомобилскиот експерт на EY.

Деловните резултати на 20-те водечки светски производители на автомобили во првиот квартал годинава покажаа послаб приход и профит на германските и американските производители на автомобили, покажа анализата на EY.

Азиските компании, особено кинеските, забележаа огромно подобрување, а  пет од шесте најпрофитабилни производители на автомобили се со седиште во Азија.

Германските компании се соочуваат со проблеми поради слабата побарувачка, високите трошоци и бавниот премин кон електрични возила. Во исто време, нивниот удел на кинескиот пазар се намалува бидејќи се истиснуваат од домашните производители.

- Ситуацијата дополнително се засили поради тензијата на американскиот пазар. Во април, Вашингтон воведе царини од 25 проценти за увоз на автомобили, што би можело да предизвика милијарди загуби од двете страни на Атлантикот, забележува Гал.

Во такви услови, заостанувањето зад кинеската конкуренција ќе се зголеми уште повеќе, бидејќи кинеските компании не се присутни на американскиот пазар.

- Неколку производители на автомобили и добавувачи на делови веќе ги истакнаа мерките за намалување на трошоците, но тие нема да бидат доволни. Западните производители на автомобили мора фундаментално да го променат својот бизнис модел, според експерт од EY, објави Сеебиз.

 

 

ПРЕПОРАЧАНО