Економија

ОД ЛАНСКИОТ МАЈ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ПОВИСОКИ ЗА 4,5 ОТСТО

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2025 година во однос на истиот месец од претходната година е 104,5, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во мај 2025 година се зголемени за 0,4 % во однос на претходниот месец.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2025 година во однос на април 2025 година e 100.4.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2025 година во однос на истиот период од минатата година е 105.5, додека во однос на декември 2024 година е 101.3.

Главни поенти

Цените во угостителството, по групи, во мај 2025 година во однос на април 2025 година се зголемени за:

  • 4,5 % кај Храна  
  • 2,4 % кај Алкохолни пијалаци
  • 1,8 % кај Безалкохолни пијалаци.

 

ПРЕПОРАЧАНО