Економија

СВЕТОТ СЕ СООЧУВА СО НОВА ЕКОНОМСКА РЕАЛНОСТ И СО НОВИ ПРАВИЛА, предупредување од ММФ

Глобалната економија влегува во нова ера во која правилата што важат со децении повеќе не важат. Прогнозите за раст за водечките светски сили, вклучувајќи ги САД и Кина, се драстично намалени. Трговските војни се загреваат, а инфлацијата повторно се зголемува, предупредуваат од ММФ.

Светот се движи кон нова економска реалност. Трговските тензии растат, царините достигнуваат рекорди, а политичката неизвесност станува секојдневна појава, посочуваат од ММФ  во најновиот извештај „Светски економски перспективи“ за април 2025 година.

Администрацијата на Доналд Трамп воведе сеопфатни царини за речиси сите увезени производи. Просечната царинска стапка во САД скокна на неверојатни 27 проценти, највисоко ниво за сто години. Кина возврати со реципрочни царини од 125 проценти и го ограничи извозот на ретки метали кои се клучни за технолошката индустрија.

Поголемиот дел од загубите паѓаат и врз граѓаните на САД. Инфлацијата расте, а ММФ ја зголеми веројатноста за рецесија во САД на 40 проценти.

ММФ сега прогнозира дека американската економија ќе расте со стапка од 1,8 проценти, што е далеку под јануарската проценка од 2,7 проценти. Се очекува БДП на Кина да биде 4 проценти, што е намалување од претходно 4,6 проценти. Глобалниот раст е намален на 2,8 проценти, што би можело да биде најниската стапка во последната деценија, освен во перидот на  пандемијата, пренесува Бука.


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО