Економија
ТРЕТА ГОДИНА БЕЗ РАСТ - ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СТАГНИРА И ВО 2025 ГОДИНА
07.06.2025
Централната банка на Германија во петокот ја намали својата економска прогноза за 2025 година, предвидувајќи економска стагнација поради неизвесноста околу трговската политика на САД.
Бундес банка не очекува реален раст на бруто домашниот производ (БДП) во 2025 година, што е намалување од намалената прогноза од 0,2% во декември. По две години рецесија, ова би била трета година без економски раст.
- Новите американски царини и неизвесноста околу идната политика на САД првично го забавуваат економскиот раст, рече претседателот на Бундес банка, Јоаким Нагел.
Со новите податоци од Федералниот завод за статистика кои покажуваат пад на германскиот извоз во април, Бундесбанк очекува значителен пад на извозот оваа година поради трговската политика на САД, со мало подобрување на повидок за 2026 година.
Силното евро во однос на доларот ги прави производите на компаниите од еврозоната поскапи на светските пазари, а ја ослабува конкурентноста на германските извозници во време на растечка конкуренција од Кина.
Германската централна банка очекува реалниот БДП да порасне за 0,7% во 2026 година, нешто помалку од прогнозата од 0,8% во декември. Во меѓувреме, ги зголеми своите очекувања за 2027 година од 0,9% на 1,2%.
Податоците на банката покажаа дека инфлацијата во замјата се забавува. За 2025 година се очекува стапка на инфлација од 2,2%, пресметана со користење на стандардниот хармонизиран индекс на потрошувачки цени на ЕУ, и 1,5% за 2026 година.
Од 2026 година основната стапка на ифлација, која ги исклучува променливите цени на енергијата и храната, веројатно ќе се стабилизира на околу 2%, прогнозира германската централната банка, пренесува Сеебиз.
фото freepic