Економија
ЕФЕКТИ ОД КРИЗАТА: Германската индустрија изгуби над 100.000 работни места, најтешко поминува автомобилскиот сектор
07.06.2025
Тековната економска криза ја чинеше германската индустрија повеќе од 100.000 работни места за една година, при што клучниот автомобилски сектор во земјата е најтешко погоден, според анализата на ревизорската и консултантска фирма EY.
Во автомобилскиот сектор беа остварени околу 45.400 отпуштања на работнци.
До крајот на првиот квартал, германската индустрија вработуваше 5,46 милиони луѓе, а тоа е за 1,8% или 101.000 помалку од претходната година, според студијата заснована на податоци од Федералниот завод за статистика, објави ДПА.
- Индустриските компании се под огромен притисок, рече Јан Брорхилкер, генерален директор на EY.
Тој очекува најмалку 70.000 работни места во индустријата да бидат изгубени до крајот на годината.
Автомобилскиот сектор се бори со слаба побарувачка, од кинеска конкуренција и со проблеми во преминот кон електрична мобилност. Речиси 6% од работните места беа изгубени во рок од една година. До крајот на март вработеноста во секторот се намали на околу 734.000 луѓе.
Вработеноста значително се намали и во металопреработувачката и текстилната индустрија, со пад од над 4%. Спротивно на тоа, хемискиот и фармацевтскиот сектор забележаа минимални загуби на работни места од 0,3%, пренесува Сеебиз.
фото freepic