Економија

Кина и САД на трговски преговори во Лондон

Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг ќе се сретне со американската делегација во Велика Британија следната недела на трговски разговори, објави вечерва кинеското Министерство за надворешни работи.

Според соопштението од кинеското министерство Лифенг ќе биде во Велика Британија од 8 до 13 јуни на покана на британската влада.

Кинескиот вицепретседател ќе биде копретседател на првиот состанок на Механизмот за економски и трговски консултации меѓу Кина и САД со претставници на САД.

Во петокот претседателот на САД  Доналд Трамп изјави дека трговските разговори меѓу Кина и САД ќе се одржат во Лондон во понеделник, во обид да се постигне договор меѓу двете сили во царинскиот спор.

Тоа ќе биде втор состанок меѓу кинеските и американските претставници, по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Првиот состанок  беше  одржан кон средината на мај во Женева, и  привремено го смири трговскиот спор меѓу двете водечки економии во светот поради новите царински мерки на САД.

Потоа Трамп  го обвини Пекинг дека не ги почитува условите од тој договор за деескалација.

Во април, Трамп ги зголеми царините за увоз на кинески стоки на 145 проценти, на што Кина одговори со зголемување на царините за увоз на американски стоки на 125 проценти, пренесува Данас.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО