Економија

ДЕМОГРАФСКИ БУМ ВО 2024 ГОДИНА КОСОВО СО МЛАДО НАСЕЛЕНИЕ СЕ ИЗДВОЈУВА ВО ЕВРОПА

Демографските трендови во Косово во текот на 2024 година покажуваат стабилен и позитивен природен прираст, со три раѓања за секој регистриран смртен случај, објави Косовската агенција за статистика.

Минатата година се регистрирани вкупно 31.717 раѓања, од кои 21.487 се на територијата на Косово, додека 10.230 деца се родени во странство. Доминантна возрасна група кај мајките била 25-34 години, а просечната возраст на мајката била 29 години.

Општина со најголем број раѓања била Приштина, со дури 10.746 новороденчиња, што е 33,9% од сите раѓања во земјата.

Во истиот период се регистрирани вкупно 11.810 смртни случаи, од кои 10.137 се во рамките на Косово, а 1.673 во дијаспората. Просечната возраст при смрт била 72 години (70 за мажи и 74 за жени).

Овие податоци потврдуваат позитивен демографски тренд за Косово, со значителен природен прираст и релативно висока просечна возраст на починатите. Во контекст на регионалните и европските трендови на стареење и депопулација, Косово сè уште се издвојува како земја со младо и растечко население, објави Косова.инфо.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО