Економија
Странците се заинтересирани да купуваат станови во Албанија
08.06.2025
Според анкетата на Централна банка на Албанија, во втората половина на 2024 година, во 230 градежни субјекти, покажала дека се продадени 863 станови.
Половина од овие продажби биле поддржани од банкарски кредити, додека 18 отсто од становите биле купени од нерезиденти, при што 77 отсто припаѓаат на земји од Европската Унија.
- Градежниците и агентите ја фокусираа својата активност главно на периферијата на Тирана, каде што се забележани високи зголемувања на цените и обемот на продажба. Во исто време, крајбрежните области како што се Драч, Валона и Саранда привлекуваат зголемен интерес и од домашни и од странски купувачи. Времетраењето на продажбата значително се намали во главниот град на 7,1 месеци од 9,7 месеци претходно, што одразува висока побарувачка и ефикасност во затворањето на трансакциите, објавија медиумите.
Во други области, просечното време, потребно до продажба, е намалено на 11,6 месеци.
Претставниците на градежните компании и агенциите за недвижности се оптимисти за иднината, објави МИА.