Економија
ДАЛИ САД СЕ СООЧУВА СО ОДЛИВ НА НАУЧНИЦИ, какви се шансите да ги привлече Европа!
09.06.2025
Додека американските универзитети ги повлекуваат понудите за дојдовни докторанти, другите земји интензивно регрутираат научници кои биле ангажирани во американските научни институции и лаборатории.
Списанието Nature анализираше податоци од својата платформа за регрутирање за да следи каде научниците бараат работа. Во првите месеци од администрацијата на Доналд Трамп, имаше скок на бројот на американски кандидати кои бараат работа во Канада (+41 процент), Европа (+32 проценти), Кина (+20 проценти) и други азиски земји (+39 проценти) во споредба со истиот период во 2024 година.
Во исто време, работните места во САД добија помалку апликации од Канада (-13 проценти) и Европа (-41 процент).
Универзитетот во Франција го привлече внинамието на стручната јавност поради доделувањето милиони долари на американски научници и го затвори рокот за аплицирање откако доби огромен број апликации, објавува „Бука“.
Сегашната политика на Трамп во однос на прием на странски кандидати на амаериканските универзитети е можност за Европа за привлекување на научници во своите високообразовни институции.
Сепак, аналитичарите посочуваат на потребата од промената на образовната политика во Европа и одлучна политичка волја за зголемување на буџетите за научни истражувања. Европската Унија моментално издвојува само 2,2 проценти од БДП за истражување и развој - значително помалку од конкурентите како Јужна Кореја (5,2 проценти) или САД (3,6 проценти). Без сериозни инвестиции во инфраструктура, институции и луѓе, тешко може да се зборува за вистинско преземање на водечка улога во глобалното знаење и иновации, сметаат европските аналитичари.
фото freepic