Економија
Во првиот квартал намален прометот од продажба на услугите
16.06.2025
Прометот од продажбата на услугите е намален за 4,8 % во првото тримесечје од 2025 година во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Индексот на прометот од продажбата на услугите во првото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, е 95.2.
Во првото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли има намалување од 9,4 отсто, во Информации и комуникации за 12,7 отсто. Во истиот период во Дејности во врска со недвижен имот има зголемување 3,1 отсто и во Административни и помошни услужни дејности за 11,4 отсто.
Најголемо зголемување на прометот во услугите од 20,1 % има во одделот Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив, објави ДЗС.