Економија
МИЦОТАКИС најави приклучување на Грција на нуклеарната алијанса
18.06.2025
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес посочи дека Грција би можела да развие нуклеарна енергија во иднина како дел од зелената транзиција.
Зборувајќи на конференцијата за енергетска транзиција во Атина, Мицотакис рече дека Грција „треба да биде подготвена да се приклучи на нуклеарната алијанса“.
- Ова може да биде шок за некои што нè слушаат, со оглед на тоа што Грција нема искуство во нуклеарната енергија. Но, кога го гледам целокупниот развој на енергетиката, не гледам начин светот да достигне јаглеродна неутралност без нуклеарна енергија и гледам многу интересни случувања во оваа област, рече тој.
Мицотакис додаде дека не верува дека ова ќе се случи наскоро, но дека сака Грција „да биде дел од разговорот“ за употребата на нуклеарната енергија, објавува Катимерини.
фото freepic