Економија

„Застој“ во растот на втората најголема европска економија

Економскиот раст на Франција нагло ќе забави во 2025 година поради потфрлањето кај нејзините главни двигатели потрошувачката и инвестициите, што е последица на буџетските ограничувања и економската неизвесност во светот, објави Националниот институт за статистика (INSEE).

По растот од 1,1 процент во 2024 година, INSEE прогнозира зголемување на бруто домашниот производ (БДП) од само 0,6 проценти за оваа година во втората најголема економија во еврозоната, објавува Бета.

- Еврозоната полека излегува од застојот и покрај падот на глобалната трговија, особено со заживувањето на инвестициите, но се чини дека француската економија нема да се развива во согласност со остатокот од континентот, се нагласува во извештајот на INSEE. 

По растот од 0,1 процент во првиот квартал од оваа година, INSEE предвидува зголемување на БДП од 0,2 проценти во секој од следните три квартали.

Инвестициите ќе продолжат да се намалуваат, но станбената изградба ќе покаже знаци на закрепнување. Се очекува стапката на невработеност во Франција да се зголеми на 7,7 проценти до крајот на 2025 година, од сегашните 7,4 проценти, објави Бизнис.рс.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО