Економија
Високите температури во Франција ги „прегреваат“ нуклеарните електрани
20.06.2025
Најавениот топлотен бран ќе ја покачи температурата на водата во реката Рона и ќе влијае на производството на електрична енергија во нуклеарните централи, особено во Бугеј, предупреди ЕДФ енергетскиот гигант во Франција.
Овој викенд се очекува топлотен бран во Франција, според прогнозите на државниот хидрометеоролошки институт Meteo France, кој предупредува дека температурите на југ би можеле да достигнат 38 степени Целзиусови.
Топлинските бранови ќе ја покачат и температурата на водата во реките, која се користи за ладење на одредени нуклеарни централи, а потоа се враќа во околината, со пропишан температурен плафон.
Високите температури ќе имаат најголемо влијание врз производството на електрична енергија во нуклеарната централа Бугеј на Рона со капацитет од 3,6 GW, објавија од ЕДФ.
Нуклеарната централа во Кроа со 3,6 GW и нуклеарната централа во Сен-Албан со 2,6 GW се наоѓаат низводно од централата Бугеј, но не беа споменати во извештајот на ЕДФ.
Најавените високи температури се поврзани со постојани проблеми со корозија во цевките на системите за ладење на нуклеарните централи.
Нуклеарната енергија сочинува околу 70 проценти од вкупната годишна потрошувачка на енергија во Франција, пренесува Индекс.хр.
фото freepic