Економија
Македонскиот енергетски пазар се менува: Повеќе конкуренција и нови можности за бизнисите
23.06.2025г
Македонскиот енергетски пазар се отвора за нови можности и поголема конкуренција. Откријте што значи ова за бизнисите и потрошувачите.
Александар Сарџовски од ЕДС објаснува како либерализацијата и новите трендови ја трансформираат енергетиката во Северна Македонија и регионот.
Енергетскиот пазар во Северна Македонија и регионот се наоѓа во фаза на забрзана трансформација. По целосната либерализација во 2019 година, потрошувачите добија слобода да избираат меѓу повеќе снабдувачи, што ја зголеми конкуренцијата и ги подигна очекувањата за квалитетот на услугата.
„По енергетската криза, стабилноста и сигурноста на снабдувачот се од суштинско значење. Бизнисите бараат партнери кои нудат долгорочна вредност и решенија за енергетска ефикасност“, вели Александар Сарџовски, извршен директор на ЕДС.
На регионално ниво, сè повеќе се преминува кон децентрализиран модел каде потрошувачите стануваат и производители, поттикнати од дигитализацијата и обновливите извори.
Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК