Економија

ПРВИ (НЕГАТИВНИ) ЕФЕКТИ ОД ШЕСТМЕСЕЧНАТА ПОЛИТИКА НА ТРАМП, американскиот приватен сектор забележа пад на вработеноста во јуни

Американскиот приватен сектор забележа пад на вработеноста во јуни, за прв пат по повеќе од две години, бидејќи наместо очекуваниот раст од 115.000 работни места, компаниите изгубија вкупно околу 33.000 работни места, објави денес американската агенција за обработка на податоци АДП.

Главната економистка на АДП, Нела Ричардсон, објасни дека падот не се должи на отпуштања, туку на забавување на вработувањето, бидејќи фирмите се двоумат да ги пополнат слободните работни места, објавува CNN.

Податоците на АДП честопати не се совпаѓаат со официјалните податоци од Бирото за статистика на трудот на САД (BLS) што ќе бидат објавени во четврток. Но се очекува податоците да покажат зголемување на невработеноста во САД.

Првите шест месеци од вториот претседателски мандат на Доналд Трамп беа обележани со големи промени, од воведување на царини и намалување на владините трошоци со отпуштања во јавниот сектор.

Економистите истакнуваат дека негативниот ефект од овие мерки веќе се чувствува и предупредуваат дека пазарот на трудот не слабее поради недостаток на потрошувачка, туку поради неизвесност.

- Компаниите не отпуштаат масовно, но веќе не вработуваат. Плановите за вработување биле запрени „речиси преку ноќ“ поради царинските неизвесности и побавното намалување на каматните стапки, се коментарите на економистите во САД, пренесува Политика.


фото freepic  

 

ПРЕПОРАЧАНО