Економија

ВО ЈУНИ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ ПОРАСНАЛЕ ЗА 4,5 ОТСТО, висок раст на трошоците за храната, рекреацијата и угостителските услуги

Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи зголемување од 4,5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,7 %, објави Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, изнесува 0,8 %. Повисоката инфлација во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 2,9 %, Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 %, Разновидни стоки и услуги за 0,9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,8 %, Ресторани и хотели за 0,5 %, Здравје за 0,3 %, Комуникации, Облека и обувки за 0,2 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.

Индексите на трошоците на животот во периодот јуни 2025/јуни 2024 година групите Храна и безалкохолни пијалаци е 106.3,  кај  Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици  105.9,кај Рекреација и култура 105,6 и кај Ресторани и хотели 107,6.

Индексот на цените на мало во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година изнесува 101.1.

Индексот на цените на мало на земјоделските производи за периодот јуни 2025/јуни 2024 изнесува 111.1  (раст на цените за 11,1 отсто), а на прехранбените производи  106,8 (раст на цените за 6,8 отсто).

ПРЕПОРАЧАНО