Економија
ПРОЕКТ ШТО ЌЕ ЈА СМЕНИ СВЕТСКАТА ТРГОВИЈА!? - Кина планира изградба на трансконтинетална железница меѓу два океана
10.07.2025
Бразил и Кина потпишаа меморандум за разбирање за проучување на изводливоста на изградба на железница од атлантскиот брег на Бразил до тихоокеанскиот брег на Перу, објави во вторник бразилското министерство за транспорт. Според проектот, железницата треба да поминува низ бразилските држави Баија, Гојаш, Мато Гросо, Рондонија и Акре, и да завршува во перуанското пристаниште Чанкај, со што ќе го поврзе Атлантскиот Океан со Пацификот.
Изградбата на железницата се разгледува како дел од подобрувањето на стратешката извозна рута, објави бразилското министерство. Студијата за изводливост ќе вклучува технички, економски, логистички и други фактори за да се обезбеди долгорочна одржливост на рутата. Отворањето на пристаништето Чангкај во Перу го обнови интересот на Бразил за продлабочување на врските со Кина, изјави во среда за „Глобал тајмс“ Ванг Џоуминг, директор на Институтот за земји во развој при Кинескиот институт за меѓународни студии во Пекинг.
Пристаништето Чанкаја се наоѓа северно од Лима и неодамна беше главна точка на директни врски меѓу Латинска Америка и Азија. Кинеската бродска компанија COSCO инвестираше 1,4 милијарди долари во првата фаза од изградбата, а беше отворено во ноември од перуанската претседателка Дина Болуарте и кинескиот претседател Си Џинпинг за време на самитот на Азиско-пацифичката соработка (APEC) во Лима.
Со поврзување на Бразил со Чангкај, железницата би го скратила патувањето на пратките до Азија за дури десет дена. Проектот, исто така, носи поголема безбедност за инвестициите во бразилските автопати и железници, а во исто време поттикнува посилна регионална и меѓународна интеграција со земјите од Латинска Америка и Азија.
Перу се приклучи на проектот за трансконтинентална железница во мај, објави Б92.
фото freepic