Економија
ОПЕК: Побарувачката за нафта ќе расте најмалку до 2050 година, a потоа...!
10.07.2025
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) предвидува дека побарувачката за нафта ќе продолжи да расте најмалку до 2050 година.
Се проценува дека во споредба со минатата година, таа ќе се зголеми за 18,6 проценти на околу 123 милиони барели дневно до 2050 година. Сепак, ОПЕК ги опишува повиците за брз премин од фосилните горива како нереална фантазија.
„Побарувачката ќе биде поттикната од економскиот раст, растечкото население, зголемената урбанизација, новите енергетски интензивни индустрии како што е вештачката интелигенција и снабдувањето со енергија на милијарди луѓе кои сè уште ја немаат“, напиша Хајтам Ал Гаис, генералниот секретар на ОПЕК, во извештајот на оваа организација.
Според него, врвот на побарувачката за нафта сè уште не е на повидок.
Прогнозата на ОПЕК, според француската новинска агенција АФП, е во спротивност со проценките на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), која минатиот месец напиша дека глобалната побарувачка за нафта ќе почне да се намалува во 2030 година, како резултат на зголемувањето на бројот на електрични автомобили и зелената транзиција во производството на енергија.
ИЕА предвидува пад на побарувачката за нафта дури и за Саудиска Арабија, суперсилата на ОПЕК, бидејќи земјата ја заменува суровата нафта со гас и обновливи извори.
Во меѓувреме, Гаис истакна дека растот на побарувачката за нафта е главно поттикнат од земјите во развој и дека фосилните горива сè уште сочинуваат околу 80 проценти од глобалниот микс на горива, што не се променило значително од основањето на картелот во 1960 година.
Додека повиците на ОПЕК за брз премин од фосилните горива се опишуваат како нереална фантазија, експертите предупредуваат дека брз премин од фосилните горива е неопходен ако сакаме да го ограничиме глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, пренесува Сеебиз.
фото freepic