Економија

ТРАМП ПОЧНУВА СО НАЈГОЛЕМИТЕ ОТПУШТАЊА НА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО АМЕРИКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА!

Американскиот Стејт департмент планира да отпушти 1.107 државни службеници и 246 вработени во Службата за надворешни работи како дел од голема реорганизација, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на неименуван висок функционер на американската администрација.

Според истите информации, вработените во дипломатската служба прво ќе бидат испратени на административен одмор од 120 дена, по што ќе следи официјално отпуштање.

Портпаролката на Стејт департментот, Теми Брус, ги потврди извештаите за намерата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп значително да го намали бројот на вработени во овој клучен државен орган.

- Оваа одлука не е донесена поради работата или перформансите на вработените. Станува збор за обид Стејт департментот да продолжи да функционира релевантно и ефикасно во современи околности, рече Брус.

Ова е едно од најобемните намалувања на персоналот во дипломатската историја на САД и доаѓа во време кога Вашингтон се соочува со голем број глобални предизвици, вклучувајќи геополитички тензии, растечката потреба за сајбер безбедност и растечкото значење на дипломатските односи во дигиталното доба, пренесува Вијести.ба.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано