Економија

ЦАРИНСКА ВОЈНА САД-БРАЗИЛ, од први август американските потрошувачи ќе плаќаат поскапо кафе

Aмериканските потрошувачи можат да очекуваат нагло зголемување на цените на основните прехранбени производи, како што е кафето, доколку администрацијата на Трамп се држи до својот план за воведување царини од 50 проценти на целиот увоз од Бразил, изјавија експерти во оваа област.

Предложените царини за увоз ќе ја спречат испораката на бразилско кафе во Соединетите Американски Држави, нивниот најголем клиент, бидејќи ниту американските производители на кафе ниту бразилските извозници нема да можат да ја премостат разликата во цената што би произлегла од новите давачки, објави „Ројтерс“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во среда ги зголеми царините за бразилскиот увоз од 10 на 50 проценти, почнувајќи од 1 август, и покрај тоа што САД имаат трговски суфицит од 7,4 милијарди долари со Бразил.

Околу една третина од кафето што се консумира во САД, најголемиот потрошувач на овој пијалок во светот, доаѓа од Брази. Во 2024 година САД увезе  за 30 проценти повеќе кафе отколку во 2023 година.

Преориентирањето кон други извознички на кафе, како што се Колумбија, Хондурас, нема да може да го покрие увозот на бразилско кафе во САД, по обемот или цената што ја нуди Бразил, предупредуваат економистите.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано