Економија

КОИ ЗЕМЈИ ОД ЕВРОПА СЕ НАЈИЗЛОЖЕНИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ, една од нив е наш најголем трговски партнер и се залага за прагматичен пристап со САД

Земјите со најголема вредност на извозот во САД, кои се соочуваат со најголема закана за нивните економии, се Германија, Ирска, Италија, Франција и Холандија.

Германскиот министер за економија денека  ја повика ЕУ на „прагматични“ преговори со САД по заканите од Доналд Трамп.

„Сега е до ЕУ, во преостанатото време, прагматично да преговара за решение со САД. Европската комисија ја има нашата поддршка во овој пристап “, рече Катерина Рајхе.

Клучот е да се остане фокусиран на трговските преговори со САД и да се избегне понатамошна поларизација, објави канцеларијата на италијанскиот премиер откако Трамп објави царини од 30 проценти. Премиерката Џорџија Мелони е убедена дека може да се постигне „фер договор“ за царините меѓу Европската Унија и САД. 

Рим целосно ги поддржува напорите на Европската комисија, се додава во соопштението за медиумите. Најавата на САД за царини за стоки од Европската унија од 1 август е „загрижувачка“ и не е патот напред, изјави холандскиот премиер Дик Шуф за X во саботата.

- Европската комисија може да смета на целосна поддршка. Како ЕУ, мора да останеме обединети и решени во постигнувањето на заемно корисно решение со САД, рече тој, пренесува Индекс.хр.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано