Економија

Кинескиот увоз ја одржува цената на нафтата стабилна!

Цената на нафтата се стабилизираше на денешното тргување на меѓународните пазари и достигна  вредност до 71 долар пред објавата на САД за нови царини кон Русија.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта попладнето беше за 36 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела и изнесуваше 70,72 долари.

Цената на барелот порасна на американскиот пазар, каде што се тргуваше за 68,79 долари.

На крајот од минатата недела, пазарите беа загрижени од објавувањето на „значајно соопштение“ за Русија од страна на Белата куќа.

Според најавите, Вашингтон би вовел царини од 500 проценти за земјите што увезуваат руска нафта, гас, ураниум и други стоки.

Со тоа, Вашингтон би го отежнал снабдувањето со руска нафта, и тоа во период на поголема побарувачка, забележуваат аналитичарите.

Кина увезла 12,14 милиони барели нафта дневно во јуни, најмногу од август 2023 година, според податоците на царинската управа, објавени во понеделник. Увозот е за 7,4 проценти поголем отколку во истиот период минатата година, пренесува Пословни дневник.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано